Беки Саломон заедно со нејзиниот свршеник Мет Верен се сликале во паркот по повод нивната свршувачка. Но, тоа што таму се случило никој не го очекувал.Таа на едната слика забележала мало детенце во блиското поточе.
-Беше очигледно дека се бореше да се држи на површина. Главата му пропаѓаше во вода и не можеше да се одржи над неа, вели Салмон.
Таа без трошка размислување се стрчала и сосе облека скокнала во поточето. Беки со натприродна сила го одвлечкала 5-годишното детенце на брегот и почнала да се обидува да го врати во живот.
Ова го забележала и мајката на момчето, која исто така скокнала по него и заедно со Беки успеале да му го спасат животот.
Момчето голтнало вода, но со помош на бестрашната невеста брзо се вратило во живот.
-Немаше ни секунда да се двоумам, дури и да носев венчаница, вели Беки.
Интересно, но таа се нашла токму на вистинското место во вистинско време. Беки е лиценциран спасувач и болничарка, а нејзиниот иден сопруг е дел од екипата за брза помош.
Овој херојски подвиг е забележан со камерата на фотографот кој бил во паркот со нив, а оваа приказна беше главна тема по светските медиуми.Таа на едната слика забележала мало детенце во блиското поточе.
-Беше очигледно д