Погледнете ја најјаката забарка во Србија.
Бранка Петровиќ неодамна на Светското првенство во боди-фитнес освоила второ место во категоријата „Фигура“.
Освен во спортот таа е успешна и во својата професија за која според неа, некогаш се потребни силни мускули. После тешките вежби како што е кревањето на тегови, половина од мажите би отишле на боледување. Но, тоа не важи и за Бранка, таа секојдневно ги посетува теретаните.
Бранка е стоматолог, но треба да се има и силна рака кога на ред ќе дојде вадење заби.
„Всушност важна е техниката, но кај некои пациенти е потребна и сила“- вели таа.
Со боди-фитнес се занимава веќе неколку години. Во Србија била вице-шампион во 2012, а сега има сребрен медал од Светско првенство.
Бранка секојдневно тренира најмалку по час и половина, обично после работа.
„Во ординација работам со луѓе и задоволство ми претставува кога ќе му помогнам на некого, а во теретана сум задоволна од самата себе си.“
Просечните Срби се плашат од стоматолозите, особено се плашат кога станува збор за нежна жена која има мускули.
„Луѓето не го сфаќаат задоволството кое не исполнува додека работиме на себе си“- вели Бранка.
Бранка Петровиќ неодамна на Светското првенство во боди-фитнес освоила вто