Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи.
Низ историјата Градот доживеал различни трансформации. Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4 000 г.п.н.е
Постојано се развивал и менувал. До почетокот на ХХ век градот се наоѓал на левата страна на реката Вардар и по текот на реката Серава. По изградбата на железничката станица од десната страна на Вардар, градот Скопје се шири кон неа сe до подножјето на Водно, односно кон Каршијакот. Тој дел постепено станувал средиште на градот и се развивал во модерен европски град, додека левата страна сe повеќе добивала карактеристики на вистински турски-источен град.
Иако градот Скопје не бил секогаш главен трговски центар, тој со својата географска поставеност долго време бил главна точка каде што се судирале патиштата кои воделе низ средиштето на Балканскиот Полуостров. Така на пример, низ Скопје минувале главните комуникациски линии од Приморјето до Цариград, од Белград до Солун, потоа од Скопје до Сараево, т.н. “Босански пат”, Скопје-Солун, Скопје-Ниш итн. Покрај овие, постоеле и локални патишта, “Кумановски” од Скопје до Куманово, “Тетовски” од Скопје до Тетово, “Штипски” од Скопје до Штип итн. Географската положба на градот Скопје имале огромен удел во неговиот историски развој.
Може да ја погледнете фотографијата и видеото од градот Скопје.
На следниот ЛИНК може да ги видите фотографиите од плоштадот „Македонија“ во минатото.
Доколку ве интересира како изгледаше старо Скопје пред изградбата на ГТЦ, можете да погледнете на следниот ЛИНК.
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкот