Видео: „Чкембари“ го бодреа Пелистер за победнички старт на битолскиот тим

На натпреварот меѓу екипите на Пелистер и Еуромилк во рамките од првото коло од Првата Македонска Фудбалска Лига на „Тумбе кафе“ се собраа 3000 љубители на мак фудбалот и битолски Пелистер.Иако времето беше пеколно жешко, Битолчани покажаа дека го сакаат својот омилен клуб и дека не постои пречка која би ги спречило да му дадат поддршка на својот тим.
Па така, Пелистерци со помош од својата верна публика, која ги имаше во огромен број на статионот „Тумбе Кафе“, ги освоија трите бода против екипата на Еуромилк со минилана победа од 1-0, и победоносно го започнаа стартот на новата сезона.
За поздравување е огромниот напор кои го вложија навивачите на овој тим, популарните „Чкембари“, ги имаше во повеќе од солидна бројка на натпреварот со Еуромилк. Направија одлична атмосфера на стадионот а тоа беше само мотив плус за фудбалерите на овој тим да им возвратат со победа.
За одбележување е дека општина Битола направи еден вид на „шминка“ на стадионот во Битола, популарниот „Тумбе Кафе“, истата е видлива, се постави добар тревник, се воведоа монтажни санитарни простории и почна да се продаваат безалкохолни производи. Сепак, „Тумбе кафе“ и понатаму треба да се средува, реновира за да го добие својот сјај, бидејќи битолчани тоа го заслужија. „Чкембари“ ја потсетија општина Битола, која е воедно сопственик на објектот, дека бара или нов или реновиран стадион.Иако времето беше пеколно жешко, Битолчани покажаа дека го сакаат својот омилен клуб и дека не постои пречка која би г

Пронајдете не на следниве мрежи: