На првиот натпревар од ракометниот турнир “Handball Fiesta”, ЖРК Вардар го совлада унгарски Ѓер, актуелниот европски шампион, со 29:24 (17:10). Избраничките на Кастратовиќ полесно од очекувањата триумфираа и дадоа до знаење дека оваа година ќе го напаѓаат првото место во ЕХФ Лигата на Шампионите. Уште на почетокот од натпреварот нашата екипа најави дека ќе доминира на овој меч, со оглед на сигурната предност по 10 минути игра, 7:3, а во продолжението стигнаа и до 10:4. Домашната екипа се трудеше да ја намали негативата, но никако не успеваше да се одбрани од разновидната игра на вардарки, како во нападот така и во одбраната, а тоа беше главната причина што на одмор се замина со водство од седум гола. Во овој период Амандин Лејно имаше серија успешни интервенции.
Во вториот дел домаќинот заигра многу посконцентрирано, а таквата игра донесе резултат. На половина од второто полувреме ракометарките на Ѓер стигнаа и до два гола негатива 22:20, пред се благодарение на серијата од 5:0, ни и одличните интервенции на Грубишиќ, која само во второто полувреме успеа да спречи седум удари на нејзиниот гол. Сепак, избраничките на Индира Кастаровиќ брзо се вратија во игра, и повторно остварија недостижна предност, која на крајот од мечот изнесуваше пет гола 29:24.
Најефикасна ракометарка во нашата екипа беше николиќ со пет гола, додека Лекиќ и дембеле постигнаа по четири.
Утре се игра вториот натпревар од турнирот, меѓу екипите на Ѓер и Ларвик, од 18.00 часот, а нашата екипа настапот ќе го комплетира во недела со мечот против норвешкиот првак од 15.00 часот.
Ѓер – Вардар 24:29 (10:17)
Вардар: Суслина, Лејно, Радичевиќ, Пино 1, Николиќ 5, Лазовиќ 2, Дембеле 4, Фернандез 1, Зебиќ 2, Алтхаус 3, Кликовац, Пенезиќ 3, Черноиваненко 1, Ихњева 1, Хмирова 2, Лекиќ 4.
Во продолжение погледајте го видеото од вчерашниот натпревар:
Уште на почетокот од натпреварот нашата екипа најави дека ќе доминира на овој меч, со оглед на сигурната предност по 10 минути игра, 7:3, а во прод