Од време на време се појавуваат статии во кои се пишува за деца со голема дарба и талент.
Веќе имаме сретнато уметници, сликари, компјутерџии и пејачи, но шест годишниот Џонатан Оксениук навистина ќе ве изненади. Љубовта кон класичната музика, Џонатан ја покажал на свои 8 месеци и од тогаш е опседнат со овој тип на музика. Ја диригирал 5та симфонија на Бетовен на свои неверојатни 3 години, а денес, на 6 години, диригира со цел оркестар.
Покрај тоа, свири пијано и виолина. Погледнете го неверојатниот Џонатан Оксениук, име што сигурно ќе го сретнете и во иднина.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Од време на време се појавуваат статии во кои се пишува за деца со голема дарба и талент.