Според пишувањето на Guardian, идејата да се отпечати Wikipedia се зачнала кај тимот од Pedia Press за чиј проект Indiegogo треба да соберат 50.000 долари за да се создаде печатената верзија на англиската Wikipedia.За оживување на оваа идеја ќе бидат потребни повеќе од еден милион страници, склопувајќи повеќе од 4 милиони статии од 20 милиони волонтери кои ќе ја претстават Wikipedia во 1.000 книги.
Печатената верзија ќе биде проект што ќе собори рекорди. Целта е да се одаде почит на волонтерите кои направија оваа неверојатна книга на знаење да постои подолго од десет години“, велат од Wikipedia.
Комплетната верзија на англиската Wikipedia би се состоела од 1.000 книги, секоја со по 1.200 страници.
Досега, тимот од Pedia Press има собрано над 2.000 долари, а целта е да се соберат 50.000 долари. Тие се надеваат дека ќе наидат на поддршка за издавање на печатена верзија, а проектот ќе трае уште 52 дена пред да се започне со печатењето.
Видеото погледнете го на: gsm.mkЗа оживување на оваа идеја ќе бидат потребни повеќе од еден милион страници, склопувајќи повеќе од 4 милиони статии од 20 милиони волонтери кои ќе