Решиси секој човек поминува одрено време на интернет во денот, па дали би издржале цела недела без користење на интернет? Со цел спроведување на еден интересен експеримент, пет луѓе прифатиле да учествуваат во проектот на агенцијата Mother London…Една недела учесниците во проектот не смееле да ги користат своите телефони, да проверуваат електронска пошта, или социјални мрежи како Facebook и Twitter. Поголемиот дел од нив имаат професија поврзана со користење на интернет, што го направи овој предизвик поголем, но не и невозможен.
Пред да започнат со експериментот, учесниците ги опишале своите интернет навики – од вклучување, па сè до исклучување на нивните компјутери.
„Интернет користам повеќе од што сакам“, вели Џејмс Браун, еден од учесниците.
Тинејџерката Софи пред почетокот на експериментот вели дека поголемиот дел од нејзиниот социјален живот се случува токму на социјалните мрежи.
Повеќе на GSM.MKЕдна недела учесниците во проектот не смееле да ги користат своите телефони, да проверуваат електронска пошта, или социјални мрежи како Facebook и