Видео: Девојка од Глазгов замина во Сирија и порача: „Ќе се видиме на судниот ден!“

Четири дена откако го напуштила својот дом, студентката Акса Махмуд им се јавила на своите родители во Шкотска, велејќи дека е на границата меѓу Турција и Сирија и дека сака да стане маченичка. Нејзините родители Музафар и Калида биле во шок.На социјалните мрежи Акса била заговорник на ИСИС и калифатскиот режим и повикувала на напади во Западните земји. Објавувала фотографии од оружје и снимки со ликвидации од страна на ИСИС.
Нејзиното семејство на многу начини го живеело сонот на многу имигранти. Во Шкотска од Пакистан се доселиле во 70-тите години од минатиот век. Музафар бил првиот играч на крикет во Шкотска со пакистанско потекло. Тој и сопругата купиле куќа каде одгледале четири деца и ги запишале во престижни приватни училишта.
 
Калида вели дека нејзината ќерка се плашела од мрак и дека не знаела со автобус да пристигне до центарот на градот, а уште помалку до Сирија.

Кратко по пристигнувањето во Сирија, на своите родители им јавила дека ќе се мажи. „Овде процесот е таков. Девојката не смее да биде сама. Сега мора да пронајдам машки заштитник. Морам да се омажам тука. Не грижете се, ќе бидам добро. Моето срце е добро“, гласела пораката која им ја пратила.
Прифатиле да направат интервју, само за да и пратат порака на својата ќерка. „Само сакаме да се врати. Ни недостасува. Ја сакаме. Сакаме да ја видиме и да ја прегрнеме. Беше прекрасна ќерка“, рекол нејзиниот татко. 
На социјалните мрежи Акса била заговорник на ИСИС и калифатскиот режим и повикувала на напади во Западните земји. Објавувала фотографии од оружје и

Пронајдете не на следниве мрежи: