Со лет од Брисел вчера попладне од белгиските власти беше преземен Војислав Б. кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Интерпол Скопје.-Постапката за екстрадиција мина без проблеми или инциденти и истиот преку Аеродромот „Александар Велики“ беше префрлен во КПУ Идризово, за издржување на казна затвор во времетраење од 3,5 години, која во отсуство му е изречена заради сторено дело „Фалисификување документи“, соопштува МВР.
Случајот за кој е осуден датира од 2009 година кога во Скопје извршил фалсификување на бугарска патна испрва и возачка дозвола, на тој начин што вметнал сопствена фотографија, со цел фалсификуваните документи да ги користи како оригинални.
Освен за тој случај, лицето во 2010 година се товареше и за недозволена трговија со наркотици. Според сомненијата, истиот при крајот на месец декември 2009 година отпатувал за Лима, Перу, каде од страна на засега непознато лице набавил 1910 грама наркотична дрога кокаин паста. Тогаш, заедно со првоосомничената го организирале транспортот на наркотичната дрога кокаин паста од Лима преку Германија во Скопје, која во Македонија пристигнала како поштенска пратка.
Инаку, лицето на 11.09.2013 година во Белгија, беше лишено од слобода, за извршени кривични дела на територијата на Белгија.
-Постапката за екстрадиција мина без проблеми или инциденти и истиот преку Аеродромот „Александар Велики“ беше префрлен во КПУ Идризово