Видео: Еве како да го спасите пресоленото јадење

Дури и на најискусните готвачки и домаќинки понекогаш им се случува погрешно да ја проценат количината на сол која треба да ја стават во некое јадење. Сте решиле за ручек или вечера да зготвите чорба, гулаш или некое друго омилено јадење, меѓутоа сте ставиле повеќе сол и сте го пресолиле. За среќа има спас!
Се што ви е потребно за да го спасите јадењето е нешто кисело. Во зависност од јадењето, можете да додадете лимонов сок, оцет или сок од домати.

Светските готвачи и сопственици на ресторани препорачуваат во пресоленото јадење да се додаде малку сода бикарбона, која ќе ја апсорбира сета непотребна сол.
Бабите пак, советуваат во јадењето да се додаде цел, очистен компир кој ќе ја „изеде“ солта додека се готви јадењето. 
Погледнете во видеото што ви предлага оваа готвачка: 
Сте решиле за ручек или вечера да зготвите чорба, гулаш или некое друго омилено јадење, меѓутоа сте ставиле повеќе сол и сте го пресолиле. За среќа

Пронајдете не на следниве мрежи: