Видео: Фотограф си ја снимил сопствената смрт

Иако снимката е матна, на неа може да се види како еден египетски војник нишани и пука во Ахмед Самир Асем (26).
Фоторепортерот бил убиен во понеделникот додека фотографирал пред зградата на Републиканската гарда во Каиро, каде што се верува дека се наоѓа притворениот претседател Мохамед Морси.
Асам бил еден од педесетината убиени кога силите за безбедност отвориле оган врз големата толпа што протестирала пред зградата. Овој независен фотограф, бил на терен за египетскиот весник „Ал хорија ва ал адала“.
„Околу 6 часот наутро човек дојде во нашата редакција со фото-апарат прекриен со крв и ни кажа дека еден од нашите колеги бил убиен“, изјавил уредникот на весникот, Ахмед Абу Зеид, за британски Телеграф.
„Еден час подоцна дознавме дека Ахмед бил застрелан од снајпер во челото додека снимал што се случува околу зградата на Републиканската гарда“.
Војската изјавила дека почнала да пука затоа што „терористичка група“ извршила напад на зградата во обид да влезе во објектот.
Извор: МКДnewsИако снимката е матна, на неа може да се види како еден египетски војник нишани и пука во Ахмед Самир Асем (26).

Пронајдете не на следниве мрежи: