Видео: Големо невреме го зафати Балканот со драстичен пад на температурите

Loading...

По пеколните температури, Балканот го зафати невреме кое донесе драстичен пад на температурите.Според метеоролозите невремето го зафати источниот дел на Словенија, а вечерва се предвидува да биде облачно наместа со слаби врнежи.
Околината на Љубљана попладнево беше зафатена од невреме со силен ветер и грмотевици, проследено со пад на температурите за околу 15 степени целзиусови.
Температурата падна до 24 степен. Тамошните метеоролози предвидуваат дека преку ноќта силен дожд ќе ја зафати Словенија, кој ќе престане утре претпладне.
На 3-ти август во главниот град Љубљана е забележана температура од 38,2 Целзиусови степени, што според официјалните податоци на тамошната метеоролошка служба бил најтоплиот ден во словенечката престолнина во последните педесет години. Досегашниот рекорд бил 37,6 степени.
Највисока температура е измерена во гратчето Чрномељ во покраината Бела Крајина во јужниот дел од Словенија каде биле измерени 40 Целзиусови степени, најмногу откако се мери температурата на воздухот во ова место.Според метеоролозите невремето го зафати источниот дел на Словенија, а вечерва се предвидува да биде облачно наместа со слаби врнежи.
Околи

loading...
Loading...