Се додека СДСМ и Петре Шилегов така се однесуваат ќе седат во опозиција. Ова недолично и бесрамно однесување на СДСМ не е првпат. Културата не се стекнува со влегување во парламент или стекнување диплома, се стекнува од мали нозе. Очигледно дека добар дел од нив немаат основна култура, домашна култура.Вакви се реакциите на граѓаните по дрските навреди од партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов кон неговата колешка Владанка Авировиќ за време на седницата на Анкетната комисја за прислушувањето. Авировиќ беше јавно навредувана и деградирана за време на седницата од страна на потпаролот на СДСМ.
Шилегов со својата агресивна реторика и се обрати на пратеничката, навредувајќи ја за нејзиниот приватен живот, јавно, дрско и безобразно, при тоа кршејќи го Деловникот.
„Што Ви правеле мала кога сте биле, БЕ?“ – се зборовите на Шилегов со кои и се обрати на Авировиќ, која важи за една од пратениците со подолг стаж во Собранието од веќе актуелниот состав.
Ваквото недолично однесување на Шилегов беше охрабрено од неговите колеги од СДСМ кои наместо да ја осудат неговата постапка, со потсмев ја одобрија, по што Шилегов ја прекина седницата и ја напушти салата.
Граѓаните остро го осудуваат ваквкиот безобразлук на Шилегов и навредите кон жените. Според нив, ова недолично и бесрамно однесување на СДСМ не е првпат. Во дел од ставовите на граѓаните кои го коментираа овој случај во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ се вели:
-Многу долго ги слушаме нивните навреди, но Шилегов можеби полната чаша ја прели да направи кај народот толку многу револт. Зошто својата омраза кон овој народ, омаловажување го пласираат на толку невоспитан начин, како да се изгубени во сопствената омраза, во злото што го носат. Кој наметна војна во Македонија, кој ја руши Македонија и внатре и надвор? Кој ги донесе сите тие добронамерници што ни кажуваат како да работиме? Сега се е дозволено? Не е точно. Има начин на комуникација. Дали некој од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, зборувам пошироко, не само владата, навреди некого, кажа овци и други бесрамни зборови што се срамам да ги повторам? Тие овци ги ранат нив, а тие да ги плукаат? Јас се прашувам со сите мои 70 години кој разумен човек од нашава убава Македонија нив ќе ги гласа да ги води некој кој ги смета за овци и неписмени. Ако некој е среќен да биде затворен во еден фашизам, тогаш нека повели нека гласа. Крајно навредливо на секој член на оваа наша убава земја која ја плукаат безобѕирно.
-Не би ги ставил сите пратеници во еден кош. Меѓу нив има луѓе кои коректно се однесуваат, а оние кои се однесуваат нецивилизирано, грубо, јас ги разбирам. Толку долго седат во опозиција и никако да дојдат до власт. Од таму е таа нервоза, но се додека така се однесуваат ќе седат во опозиција.
-Мислам дека основната култура, можеби не сите, но некој ја немаат. Се гледа на телевизија, младината го слуша и гледа тоа, тие треба да се едни од главните причинители на култура кај младината. Не е убаво што се изразуваат безобразно, лошо, некултурно, но тоа е.
-На ВМРО-ДПМНЕ им налепија етикети необразовани, со бради, неизмиени и така натаму, а во суштина праксата покажува друго. Јас не се сеќавам некој од ВМРО да се обрати со погрдни зборови на некој од спротивниот табор. Можам да ги цитирам сите од Милошоски, до Ставрески, сите. Тој е вокабулар, тие што го употребуваат. Како да се растени во фамилии каде културата била на високо ниво, за разлика од други. Културата не се стекнува со влегување во парламент или стекнување диплома, се стекнува од мали нозе. Очигледно дека добар дел од нив немаат основна култура, домашна култура.
Според граѓаните, нечовечка, некултурна и безобразна е изјавата на портпаролот на СДСМ. Но, ваквата изјава не беше единствена со која СДСМ ги навредува жените. Јавноста добро памети дека СДСМ удри и по жените на стечајците на истиот арогантен и навредлив начин.
Со ваквите безобразни изјави и крајно некултурен политички речник на челниците на најголемата опозициска партија, станува јасно дека СДСМ може да глуми многу работи, но секогаш на крај излегува на виделина нивното вистинско лице и карактер.
Сомнежите за криминал и нечовечкиот третман кон луѓето и жените станува одлика на функционерите во СДСМ. Во времето на Бранко Црвенковски, Шилегов беше прв човек на владината комисија за јавни набавки, со што беше вплеткан во сериозни скандали кога делел тендери на фирми блиски до СДСМ како што објавија медиумите.
Сегашниот портпарол на СДСМ, како претседател на второстепената комисја за јавни набавки во времето кога СДСМ била на власт одлучил тенедер да добие бизнис-партнер на семејството на Зоран Заев, сегашен претседател на опозициската партија.
Шилегов одлучувал по основ на жалба од Макпетрол испратена до второстепената комисија за јавни набавки на Владата на СДСМ, поточно за отворен повик бр 23/2005 за набавка на екстра масло за горење за грејната сезнона 2005/2006 година за потребите на училиштата во општина Струмица. Жалбата на Макпетрол, Шилегов со комисијата со која претседателствува ја одбива како неоснована, а краен победник на тендерот е фирма од Струмица, и тоа токму фирмата Јавор Шпед во сопственост на Горан Крстев бизнис партнер на Заеви, инаку косопственик со братот на Зоран Заев, Вице Заев во фирмата Сара Јавор Инжињеринг и еден од осномничените, а потоа и аболициран за аферата Глобал, тешка 8 милиони евра.Вакви се реакциите на граѓаните по дрските навреди од партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов кон неговата колешка Владанка Авировиќ за време на