Повеќе од 17 милиони луѓе досега го погледнаа ова видео за само неколку дена, откако беше поставена на Фејсбук од страна на Харди Томас.Во описот на снимката, тој напишал дека се работи за удар од гром во река кој предизвикал експлозија.
– Ако досега не сте се плашеле да се капете додека грми, вистинско време е да почнете- бил дел од описот.
Покрај паниката која ја предизвика ова видео, многумина се запрашаа даки е вистнско или сепак се работи за нешто друго.
Сепак се испоставило дека видеото е автентично и не се работи за монтажа. Сепак приказната не завршува тука.
Иако снимката е вистинска, сепак на неа не се гледа удар од гром, во река како што е најавено. Ако внимателно погледнете , ќе видите дека молњата не доаѓа од небото туку од позади планина, а кога се работи за гром, тоа изгледа како на следнава фотографија.
Вистината е дека ова видео за прв пат поставено на интернет во 2012 и прикажува експеримент на инжињерска фирма од Финска, и нема место за никаква паника, која ја предизвика ова видео.
Но кога веќе споменавме капење додека грми, вреди да се спомене и дека не е сигурно да го правите тоа и да бидете на отворено додека на небото има молњи и грмотевици.
Доколку се најдете на отворено додека грми, побарајте засолниште в најблиската зграда или автомобил, или ако нема такво нешто тогаш под дрво или некое повисоко мест, никако немој да лежите на земја на отворено.
Во описот на снимката, тој напишал дека се работи за удар од гром во река кој предизвикал експлозија.
– Ако досега не сте се плашеле да се