Видео: Хамилтон „гореше“!

Возачот на Мерцедес по сударот во Германија минтата  недела, доживеа дебакл во квалификациите за Големата награда на  Унгарија.Луис Хамилтон  нема среќа во квалификациите… По тешката несреќа, поради која заврши во болница минатата сабота во Германија, имаше инцидент и во борба за пол-позиција пред трката  за Големата награда на Унгарија.
Во првата трка од квалификациите  на Британецот му се запали болидот, поради што е сигурно дека нема да  стартува од првото место во недела. Тоа е лоша среќа за Британецот, бидејќи на трите тренинга одржани  во Унгарија забележал најдобро време, и важеше за фаворит во квалификациите, но и на трката.
Хамилтон, кој во кариерата вкупно четири пати триумфирал на патеката во околината на Будимпешта, вклучувајќи ги последните две сезони, моментално има 176 бодови, 14 помалку од својот клубски колега, Нико Розберг.

Британецот по ова можеби повторно ќе има мотив  на трката да вози одлично и да оствари успех како минатата недела во Германија. Освен што доживеал несреќа тој бил приморан да го смени менувачот пред трката, па стартуваше од 20-та позиција, а трката ја заврши на фантастичното трето место.
Луис Хамилтон  нема среќа во квалификациите… По тешката несреќа, поради која заврши во болница минатата сабота во Германија, имаше инцидент

Пронајдете не на следниве мрежи: