Стивен Хокинг откри дека уште во 1985 година докторите во Швајцарија сакале да му ги изгаснат апаратите. Но, неговата сопруга не го дозволила тоа, па, тешката терапија против воспалувањето на градите била продолжена, а Хокинг успеал да преживее и набрзо да ја заврши славната книга „Кратка историја на времето“, пишува Гардијан.Стивен е на пат да издаде уште една книга, исто така планира и пат во вселената, а во документарецот „Хокинг“, кој ќе биде претставен кон крајот на годината. Тој во документарецот открива дека пред триесет години ги преживеал „најмрачните недели во животот“ и мислел дека сѐ е завршено. Но, во филмот опишува дека верувал дека тешкиот облик на воспаление на градите ќе го сопре во намерата да ја објави книгата која го прослави во пошироката јавност и која е продадена во над десет милиони примероци.
Докторите дале предлог да се исклучи респираторот, но неговата сопруга го одбила предлогот. Таа побарала научникот да остане на терапија.
„Мислеа дека нема да се вратам и ѝ понудија на Џејн да ја изгасат машината. Неделите на интензивна нега кои следеа ми беа најмрачните во животот“, кажал Хокинг и додал дека „сепак лековите полека почнаа да делуваат, иако малиот рез на грлото ми ја одзеде способноста за говор“.
Имено, славниот астрофизичар освен за својата борба против амиотрофната латерална склероза (АЛС), попзната како Лу Геригова болест, во филмот кој ќе излезе заедно со неговата биографија отворено зборува за своите два пропаднати брака, обновеното пријателство со првата сопруга, како и за своите планови за иднината.
Во продолжение погледнете го видеото.
Стивен е на пат да издаде уште една книга, исто така планира и пат во вселената, а во документарецот „Хокинг&ldq