Што е вистината за Александар Македонски, што се знае за неговиот живот? Едно од изданијата на хрватската емисија „На работ на науката“ е посветено токму на Александар Македонски. Домагој Николиќ, независен истражувач, вели дека е првиот што успеал да направи една голема држава. Успеал да основа многу градови, да промени многу верувања и да ги прошири погледите на филозофијата, да ги поврзе луѓето; Александар Македонски е човек со големи способности, човек што останува трајна фасцинација.
Тој зборува за тоа кој е Аристотел, а кој Филип Втори, дека Филип Втори умрел како крал тогаш кога Александар Македонски се оженил, но не умрел како човек.
– Александар, наводно, умрел во Вавилон. Неговата смрт доаѓа веднаш по смртта на Хефестион. Јас би рекол дека умрел Филип. Во тој момент Александар немал моќ да продолжи понатаму, тоа бил заеднички план и проект. Војската била уморна. Смртта го затекнала во Вавилон. Тој барал неговото тело да биде префрлено во Македонија. Но на пат кон Македонија, неговото тело било грабнато од Птоломеј, кој го префрлил во Александрија. Поворката во Мала Азија тргнала кон Александрија и, наводно, таму бил закопан. Не сум сигурен дека тоа било така. Секако, има елементи на вистина. Во Македонија постои народно предание според кое тој е закопан во Македонија. Почетната и крајната точка на кругот мора да се затвори. Тоа е таа метафизика во која верувале. Човекот мора да биде закопан таму каде што се родил. Според тоа Александар е закопан во градот Билазора (Златна зора). Билазора се наоѓа кај македонскиот град Свети Николе. Тоа е археолошко наоѓалиште, многу убаво и монументално. Недалеку од тука се наоѓа голема гробница, 85 на 45 метри, со чуден геоглиф како знакот на Касиопеја. Има доволно причини да веруваме дека таму е гробот на Александар Македонски. Таа гробница се наоѓа на само неколку километри од Свети Николе, а е во форма на космичко јајце. Направена е од земја. Секако, ако оваа теорија е точна таа треба да има влез, да постои саркофаг. Досегашните истражувања се секогаш материјалистички. Јас застапувам друг начин. Прво да најдеме за што се работи, па да решиме како ќе го истражиме тоа. Гробот на Александар е намерно скриен, но означен. Одбележан така за да го препознаат само тие што ја знаат светата тајна, односно што ја разбираат метафизиката. За најголем број антички владетели не знаеме каде им се гробовите. Народните преданија ги знаат тамошните упатени луѓе, поради што и информациите ги добив од локален истражувач од Свети Николе ; вели хрватскиот истражувач.
Во продолжение може да ја погледнете целата емисија
Едно од изданијата на хрватската емисија „На работ на науката“ е посветено токму на Александар Македонски. Домагој Николиќ,