Дали индиго-децата се само нереален поим на неколку поединци или има вистински докази дека тие деца навистина постојат? А можеби и уште поважно, што е целта на овие деца, зошто имаат за задача да постигнат? Дали сте вие индиго?Ако го читате ова, одговорот е најверојатно ДА, дури иако не верувате.
Во овој документарен филм, ќе видите за збирка од интервјуа со некои од денешните најпознатите неверојатни деца на планетата, во комбинација со дискусија, со оние кои се мајстори во областите на медицина, психологија, образование, филозофија, па дури и религија – кои ќе ви објаснат повеќе за својата експертиза, за да обезбедат информации и одговори на вашите прашања.
Индиго-револуцијата е документиран филм за менувањето на човечкиот род, како и еволуцијата, надвор од 5-те сетила, во сферата на мислата, емоциите и вибрациите на сите видови. Ако сте нови во овој концепт на индиго-деца или некое време сте го проучувале феноменот и возбудени сте да дознаете повеќе, сигурен сум дека овој документарец целосно ќе ви помогне во тоа и ќе ве воодушеви. Уживајте!
Индиго-децата се познати и како “децата на сонцето” во индијанската култура, и “деца на милениумот” кај некои истражувачи. Експерти тврдат дека 90 отсто од денешните деца под 9-годишна возраст, и мал процент од возрасните се индиго.
Името „индиго“ го добиле по нивната боја на аурата – модра – индиго која можат да ја видат само посебно надарените, таканаречени екстрасензитивци.Овие деца се препознаваат по нивните уникатни карактеристики. Тие се многу интелигентни и креативни, но чувствуваат и голем револт против авторитетите и системот.
Најчесто, индиго децата патат од Attention Deficit Disorder (ADD), односно недостаток на внимание во комбинација со хиперактивност. Скептиците велат дека индиго децата се измислица на родителите на хиперактивни деца, само за да наметнат мислење дека нивните деца се посебни. Можно е да имаат потреба од терапии за да можат да се справат со ваквото однесување.
Овие деца се екстремно емоционални. Тие можат да доживеат депресија уште на најрана можна возраст, ако не бидат потсетени зошто постојат, зошто се тука. Најважно е за индиго децата да го откријат својот повик, и да сфатат на кој начин можат да му помогнат на светот.
Ако го читате ова, одговорот е најверојатно ДА, дури иако не верувате.
Во овој документарен филм, ќе видите за збирка од интервјуа со некои