Вчера ви го претставивме Пол Хелјер и неговите тврдења дека во последниов милениум дури 4 различни видови вонземјани ја посетиле нашата планета. Денес ви пренесуваме писмени делови, како и видео од целото интервју со овој поранешен министер за одбрана на Канада.„Во еден случај во 1961 година, имаме забележано група од околу 50 НЛО кои во формација летаа јужно од Русија над Европа. Врховниот командант на западните сили беше подготвен да го притисне копчето за паника, кога тие свртеа назад и се упатија кон Северниот пол. Се започна истрага која траеше 3 години, и на крајот дојдовме до заклучок дека 4 различни видови вонземјани во последниов милениум ја имаат посетено Земјата. Активноста е зајакната во последниве две децении, и мислам дека тоа е поради пронаоѓањето на нуклеарните оружја и атомските бомби. Мислам дека вонземјаните се плашат од тоа. Овој универзум е единство помеѓу сите живи суштества, па нуклеарките колку се штетни за нас, толку се штетни и за нив.“
„Многу од нив се безопасни и добронамерни, но има и такви кои не се така настроени. Доаѓаат од различни краишта долго време, но јас знам само за оние кои се дојдени од друга галаксија, од Плеадис. Има такви кои доаѓаат од Андромеда, но и такви кои живеат на месечините на Сатурн. Тие имаат свои уредувања и правила, како на пример тоа дека не смеат да се мешаат во работи на Земјата освен ако земјаните не го побараат тоа од нив. Тие знаат дека ова е наша планета и наше е правото како ќе ја водиме, но загрижени се дека можеби не раководиме најдобро со неа. Си ја уништуваме нашата планета, правиме многу нешта кои не треба да ги правиме и тоа не им се допаѓа. Јасно ни даваат предупредувања за последиците од нашите дејствија.“
„Пред 50тина години, вонземјани се понудија да ни помогнат да ја доведеме планетава в ред. Но врвните луѓе на најголемите сили на Земјата на тоа гледаа како на закана по Земјата и решија прво да пукаат па потоа да поставуваат прашања. Иронично е како владата на САД троши милијарди долари финансирајќи воени дејствија на Истокот со изговор дека треба да воспостават демократија во тие општества, а самите за себе знаат дека не се демократско општество, земајќи ги предвид многу поголемите суми пари фрлени за мрачни проекти кои и конгресот и војската ги држат во тајност“
„Во еден случај во 1961 година, имаме забележано група од околу 50 НЛО кои во формација летаа јужно од Русија над Европа. Врховниот командант