Видео: iPhone s5 отклучен од мачка!

Една од револуционерните новости кои ги воведува iPhone 5s е скенерот на отпечатоци, кој би требало да воведе далеку поголемо ниво на сигурност. Првите телефони веќе излегоа на пазарот, па да погледнеме што значи ова…
Сензорот на Apple е толку прецизен што дури нема да може да го отклучите телефонот со десниот прст, ако сте го запамтиле левиот како „лозинка“. Исто така, како што ова видео демонстрира, можете да ја ставите шепата на вашата мачка како „лозинка“ и тоа ќе функционира перфектно.
Ова ниво на заштита е навистина високо, но реалното прашање е, дали ни треба? Пријателите не верувам дека ви се толку злобни за да го заштитувате телефонот како Пентагон, а дури и да се, има други поефтини опции.
Технологијата оди напред, но некогаш веројатно и пребрзо…Погледнете го видеото на следната страница.

Преземено од: GSM.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: