Видео: ИСИС упати закана до Балканот преку Босански џихадисти: Ќе ги покориме христијанските земји, ќе убиваме и ќе ги затруеме…

Исламската држава објави ново 20-минутно пропагандно видео под назив “Honor is in Jihad” упатувајќи закана до балканските земји.ИСИС во најновата закана порача дека преку Балканот ќе ја покори Европа: Ќе ги покориме христијанските земји, ќе убиваме и ќе ги затруеме, ќе ги ослободиме своите браќа, а сето тоа во име на Алах! Овие пораки ги упатија џихадистите во нивното најново пропагандно видео кое беше објавено на телевизискиот канал на Исламската држава – „Ал Хајат“.
„Тоа е земја позната по моќни планини во кои со столетија жареа жестоки борби. Сега е нов фронт за муслиманите, нов штит против христијанската Европа“, стои на почетокот на видеото под назив “Honor is in Jihad”.Во видеото се појавиле неколку џихадисти од Босна и Херцеговина, а меѓу нив бил милитантот Абу Џихад кој на српски јазик му се заблагодарува на Алах. Неколкумина Босанци ги повикаа балканските муслимани да тргнат во џихад со зборовите: „Ако треба поставете им експлозив во нивните автомобили, ставете им отров во пијачките. Нека умрат. Вие го можете тоа, Алах ќе ви помогне“, а еден од борците бил облечен во униформа на вооружените сили на БиХ.

Во видеото се споменува целата историја на балканските земји и се истакнува дека муслиманите во тие земји се понижени: „Крстоносците сакаат да го искоренат трагот на Исламот на Балканот. Нашите деца се убиени, а нашите сестри мачени и силувани“, вели еден Босанец кој додава дека христијанска Европа дозволила муслиманите да ги „колат како овци“ во 90-тите години.Во видеото се појавуваат милитанти од Косово, Македонија и Албанија и се испраќаат јасни пораки до муслиманите на овие простори да се приклучат на Исламската држава.ИСИС во најновата закана порача дека преку Балканот ќе ја покори Европа: Ќе ги покориме христијанските земји, ќе убиваме и ќе ги затруеме, ќе ги ос

Пронајдете не на следниве мрежи: