Видео: Исповед на момчето кое го сретнало Исус додека умирало во операциона сала!

Исповед на момчето кое го сретнало Исус додека умирало во операциона сала!Четиринаесет годишниот Колтон Бурпо преживеал воспаление на слепото црево кое било опасно по живот, па сега неговите родители мислат дека се случило нешто необично.
Кога Колтон имал 3 години докторите мислеле дека нема да ја преживее операцијата и ги предупредиле неговите родители да бидат подготвени за најлошото.
Неговиот татко Тод, кој е проповедник, се затворил во една болничка соба и се молел на Бога.
Меѓутоа, Колтон не само што преживеал – туку и многу брзо оздравел и излегол од болница по само 17 денови.
Тој на своите родители им опишал дека додека хирурзите го оперирале го посетил рајот, седел во скутот на Исус, ги галел неговите коњи и ја слушал песната на неговите ангели кои имаат крила.

 
Сега оваа чудесна приказна на малиот Колтон е реализирана во холивудскиот филм “Heaven is For Real”, но и во книга.
Колтон им раскажал на родителите дека зборувал и со својот прадедо, кој починал пред 30 години. Исто така разговарал и со својата сестра, која му кажала дека починала додека била во стомакот на нивната мајка Соња.
Колтон вели и дека видел како го напушта своето тело и гледал како неговиот татко се моли на Бога, а неговата мајка плаче.
Сега момчето е училишна ѕвезда поради успехот во борење и во музиката. Тој го користи своето искуство да ги утеши тешко болните деца и нивните родители.
“Тоа им помага на децата да сфатат – Еј, не мора да се борам со оваа болка…Ме чека нешто подобро”. Тој ги убедува дека кога ќе влезат во рајот, ќе имаат најубави моменти.
Тој преку Скајп комуницира со болните деца и им вели: “Не се плашам дека ќе умрам, бидејќи знам каде одам”. А на оние кои мислат дека зборува нереални работи им порачува: “Верувајте во што сакате, но тоа нема да ме спречи да го споделам тоа што го видов”.
Четиринаесет годишниот Колтон Бурпо преживеал воспаление на слепото црево кое било опасно по живот, па сега неговите родители мислат дека се случил

Пронајдете не на следниве мрежи: