Видео: Изгубено куче на телевизија си ги препознало сопствениците

Ако некогаш сте го изгубиле своето куче, тогаш сигурно знаете како се чувствувал овој брачен пар од Кансас Сити кој го изгубил своето куче Табита.Но, благодарение на жената, привремената вдомителка и на самото куче кои сопствениците ги препознало на ТВ, Табита и нејзините сопственици Кели и Алфред повторно се заедно.
Што точно се случило?
Веќе споменатиот пар на почетокот на месецов останал без своето куче Табита. Иако веднаш „се фрлиле“ во потрага по неа, кучето како да пропаднало во земја.
Кој да знае како би завршила оваа приказна ако жената која привремено го вдомила кучето, не го вклучила телевизорот.
Во моментот кога тажниот пар на водителката и објаснувал дека не можат да ја пронајдат, нивното милениче токму тогаш погледнало во телевизорот.
Се вознемирило и на жената која го пронашла и дало до знаење дека ги познава луѓето на малиот екран.
На истата не и преостанало ништо друго туку да се јави во телевизиската куќа и да им ја раскаже приказната. Нормално, веднаш потоа Табита им е вратена на сопствениците. 
Погледнете го видеото на следната страна:

Но, благодарение на жената, привремената вдомителка и на самото куче кои сопствениците ги препознало на ТВ, Табита и нејзините сопственици Кели и А

Пронајдете не на следниве мрежи: