Видео: Јапонец пеш го обиколил светот!

Јапонецот Масахито Јошида (32) ја поминал пеш целата планета! Тој во текот на своето патување поминал преку 40.000 километри. Својот пат го започнал и го завршил во Шангај.
Неговото патување траело 4 ипол години. Па така своето патешествие го започнал на новогодишната ноќ во 2009 година. Според неговите зборови отсекогаш сакал да патува и да види се.
-Да патував со авион или воз или пак било кое друго превозно средство, не би ги видел малите градови  и да ги запознаам луѓето кои живеат во нив.- вели Јошида.
Тој во 2010 година, ја запознал и обиколил Азија и Централна Европа поминувајќи 16.000 километри. После тоа во 2011 сепак морал да седне во авион за да го прелета Атлантикот и продолжи со својата прошетка во САД и Канада. Кон крајот на таа година останал без пари па започнал да работи разни работи. Потоа од Канада отпатувал за Австралија од каде оваа година се вратил во Шангај.
-Имаше неколку ситуации во кои животот ми беше загрозен. Поминував низ секакви предели, но за среќа, се помина феноменално. Ќе го помнам ова засекогаш!- вели Јошида.
 Јапонецот Масахито Јошида (32) ја поминал пеш целата планета! Тој во текот на своето патување поминал преку 40.000 кил

Пронајдете не на следниве мрежи: