Видео: Како да посетиш 19 земји за само еден ден?

Тројца пријатели од Норвешка го урнаа светскиот рекорд за посетување на најмногу држави за еден ден. Ганар Гарфорс (39), Тај Јанг Пак (42) и Овинд Џупвик (38) во рок од 24 часа, посетија 19 држави, со што го соборија претходниот рекорд од 17 земји за исто време.
Рекордерите тргнаа од Грција на 22 септември, а потоа патуваа северозападно низ Косово, Македонија, Бугарија, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија, Словачка, Чешка, Германија, Холандија, Белгија, Луксембруг, Франција, Швајцарија, пред патувањето да го завршат во Лихтенштајн.
„Сега ќе прославиме 24 часа“, изјави Гарфорс

„Беше многу убаво. Дури и заштедивме на време, но временските услови беа премногу лоши, за да продолжиме кон 20-тата држава – Италија“.
Групата ги користеше услугите на рент-а-кар и два комерцијални летови од Скопје за Белград, а потоа од Виена до Дизелдорф.
Ова не беше нивни прв обид. Првпат тоа го пробаа во мај, но успеаа да стигнат само до 17 земји.
„Не ми се допаѓа идејата за делење на рекордите“ – напиша Гарфорс на блогот, непосредно пред поаѓањето. „Овој пат е нешто сосема ново за нас и веќе многу вложивме за да го оствариме овој проект“. 
Ганар Гарфорс (39), Тај Јанг Пак (42) и Овинд Џупвик (38) во рок од 24 часа, посетија 19 држави, со што го соборија претходниот рекорд од 17 земји

Пронајдете не на следниве мрежи: