ВИДЕО: Како едно детенце ги расплака Фалкао и целата планета

Радамел Фалкао е еден од најдобрите голгетери на светот, кој има свои обожаватели како и многуте успешни спортисти. Меѓу нив се нашло и едно сосема необично 13-годишно момче кое со своите зборови и солзи го расплака познатиот фудбалер.Едно колумбиско детенце силно верувало дека неговиот омилен фудбалер навреме ќе се опорави. А вербата му беше толку силна, што го расплакала и самиот Фалкао. Да, тие се сретнаа, иако тоа малечко детенце – Мичел Стивен, е прилично сиромашно и живее во најсиромашниот крај во Богота. Но, со помош на хуманитарните организации Мичел успеал да се најде помеѓу групата деца која беше пратена на необичен пат – да ги обиколат сите шпански фудбалски клубови.

 
А баш таму, во Шпанија, во еден момент малиот Мичел се нашол на исто место со својот омилен играч. Неговата верба се исплатела.
Те сакам. Секогаш те гледам, каде и да си и каде и да сум јас. Те чувам во срцето и ги имам сите твои маици, баш сите. Послушај ме: Бог е успех, а бидејќи ти веруваш во Него, секогаш ќе те чува – плачејќи зборуваше Мичел.
Едно колумбиско детенце силно верувало дека неговиот омилен фудбалер навреме ќе се опорави. А вербата му беше толку силна, што го расплакала и сами

Пронајдете не на следниве мрежи: