Видео: Кинезите направија прасиња кои светат во темница!

Кинезите направија прасиња кои светат во темница со зелена сјај!Научници од Земјоделскиот Универзитет на Јужна Кина ова успеја да го направат со помош на техника која ја разви Медицинскиот факултет Маноа на Хавајскиот унвиерзитет, така што во ембрионите на прасињата вбризгале флуоресцентен протеин од ДНК на медуза.
Истата техника, претходно оваа година во Турција е употребена за да се создадат зајчиња кои светат во темница, а во моментот се работи на тоа сличен резултат да се добие и кај овците.
Научниците, меѓутоа, овие светлечки животни не ги прават за да служат како божикни украси. Целокупното истражување има за цел да се пронајде евтин и ефикасен начин во човечкиот организам да се внесе корисен ген, за да може да се помогне во лекувањето на многу наследни болести.
Др. Стефан Мојсијади, експерт од Хавајскиот Униерзитетот кој се занимава со биомедицина, тврди дека оваа техника би можела да им помогне на луѓето кои боледуваат од хемофилија, ретко генетско заболување кое спречува згрутчување на крвта.

 
– Знаеме дека ензимите за згручување на крвта се многу евтини ако се произведуваат во животните, отколку во фабрика чија изградба би чинела милиони долари, рече тој. Според Мојсијади, прасињата кои светат во темница немаат никакви негативни последици поради звојо зелен ген, и се очекува нивниот животен век да биде ист како и на нивните роднини.
– Зеленото е само маркер кој покажува дека тоа лесно функционира, рече Мојсијади. 
 
Научници од Земјоделскиот Универзитет на Јужна Кина ова успеја да го направат со помош на техника која ја разви Медицинскиот факултет Маноа на Хава

Пронајдете не на следниве мрежи: