Видео: Кире Лазаров го слави 43-от трофеј во кариерата!

На повидок е најуспешната сезона во кариерата на Кирил Лазаров.Со втората негова титула првак на Шпанија стигна до 43 трофеј во кариерата. Дури 16 пати во својата кариера националниот капитен бил шампион во земјата каде настапувал.
Со сите четири екипи со кои освојувал титула успеал да го одбрани трофејот, а само со Атлетико Мадрид не успеа да ја освои ASOBAL лигата.
Веќе петти пат освојува трофеј во сезоната 2014/15, што е израмнување на ланската сезона. Сепак сега има простор за уште две круни со оглед на тоа што Барса обезбеди фајнл фор во Купот на шпанскиот Крал, а на прагот е тоа да го стори и во Лигата на шампионите.
Сите трофеи на Кирил Лазаров:
Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 2 со Барселона (Шпанија))
Национален првак: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 2 со Барселона (Шпанија)
Освојувач на националниот Куп: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 1 со Барселона))
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
4 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
1 пат (со Барселона)
 Со втората негова титула првак на Шпанија стигна до 43 трофеј во кариерата. Дури 16 пати во својата кариера националниот капитен бил шампион во зем

Пронајдете не на следниве мрежи: