Видео: Лименки со свеж воздух

Loading...

Милионерот Чен Гуанбиао смислил кампања за подигнување на свеста кај луѓето во врска со загаденоста, со тоа што на случајни минувачи им делел лименки со свеж воздух.
Чен кој е познат како филантроп, има равиено бизнис за рециклирање. Како дел од својата кампања против загадувањето, тој се досетил на улица да им дели лименки на минувачите, кои биле наполнети само со воздух кој бил од незагадените делови на Кина, кои се познати по свежиот воздух и фантастичната природа.
„Сакам да им порачам на градоначалниците и сите големи компании: Не трчајте по поголем профит, не трчајте по повеќе пари на штета на нашите деца и внуци. Не ја жртвувајте природата“, изјавил Чен Гуанбиао.
Загаденоста во Пекинг достигна навистина застрашувачко ниво. Воздухот е речиси 500 мерни единици, а се смета како опасен по здравје ако е над 300. Неодамна бил забележан рекорд од 755 единици.
На лименките кои ги делел Чен со натпис „Свеж воздух“, имало негова карикатура со зборовите „Чен Гуанбиао е добар човеч“, а пак на дното пишувало „Бидете добри личности, имајте добро срце и правете добри работи“.
Видеото може да го проследите преку следниов линк.
Извор: „Он.Нет“ 
 Милионерот Чен Гуанбиао смислил кампања за подигнување на свеста кај луѓето во врска со загаденоста, со т

loading...
Loading...