Видео: Македонската музичка сцена добива нова талентирана пејачка

По успешниот пласман во “Macedonian Idol” и “M2”, Девана Ѓорѓиевска стана ексклузивец на “УРБАН ПУЛС Продукција”. Девана почна да го подготвува својот албум, издаде еден видео спот, а минатата недела го промовираше и нејзиниот втор видео запис за песната “Тоа не сум јас”.
Песната и спотот беа премиерно пуштени на Backstage на MТВ 1, а сите кои што сакаат да го видат, од денес може да го погледнат на YouTube и на националните телевизии. За музиката и текстот се погрижи Димитар Синдилиев – Синди, а за видеото се погрижи Александар Алексовски. Инаку Девана е втора година на Факултетот за Музичка Уметност и покрај професионалните ангажмани и обврски за оперско пеење кои ги исполнува таму, наоѓа време паралелно да се посвети и на својата музичка кариера која бележи значителен прогрес.

Интересно е што нејзините песни се комбинација на повеќе жанрови и ја задоволува масата на луѓе со различни вкусови.
Во моментов таа се подготвува со својот бенд за турнеја низ Македонија каде што ќе можат во живо да ја слушнат и видат младите луѓе од другите градови. 
Девана почна да го подготвува својот албум, издаде еден видео спот, а минатата недела го промовираше и нејзиниот втор видео запис за песната “Тоа н

Пронајдете не на следниве мрежи: