Видео: Мало девојче моли да биде спасено!

Девојче (11) од Јемен избега од дома откако нејзините родители присилно сакале да ја омажат за возрасен човек. 
Таа го моли светот да и помогнат неа и другите деца како неа чии родители присилно ги тераат да се омажат за возрасни мажи само за пари. 
Младото девојче од Јемен, Нада ел Ахдал (11), чии што родители присилно сакале да ја омажат, избегала од својот дом само за да го одбегне стапувањето во брак. Таа се заканила дека ќе се убие доколку сепак ја натераат на брак со човекот кој може да и биде татко. 
Девојчето снимило видео кое што им го посветила на сите новинари, во надеж дека нејзината приказна ќе се пренесе во светот и на тој начин ќе и се помогне да ја избегне таквата судбина. Таа во видеото раскажала дека избегала од дома кај својот вујко затоа што не можела повеќе да живее со своето семејство.
Погледнете го видеото кое дефинитивно ќе ве потресе и ќе ве натера да размислите што всушност се случува со малите девојчиња од арапските земји. 

 Девојче (11) од Јемен избега од дома откако нејзините родители присилно сакале да ја омажат за возрасен човек. 

Пронајдете не на следниве мрежи: