Видео: Мало девојче му подарила паричка на уличен свирач, а погледнете што добила за возврат

На плоштадите во големите градови ширум светот,уличните свирачи се честа појава па навидум и овој уличен уметник во Шпанија бил само уште еден во низата кој со своите ноти се труди да ги воодушеви случајните минувачи и да заработи малку пари… Едно мало девојче на еден од ваквите шпански улични свирачи му подарила паричка, меѓутоа не можела ниту да го замисли изненадувањето кое што следело потоа, пред се затоа што свирачот не бил уште еден во групата на улични уметници, туку тој бил член од Симфонискиот оркестар “Valles” и тој бил само едната “алка” во цел спектакл.
Се работи за флешмоб кој бил организиран по повод прославата на 130 годишнината од основањето на “Banco Sabadell”, една од најголемите шпански банкарски групации. Музичарот ја изведувал “Одата на радоста” од Бетовен, а потоа му се придружиле и останатите членови од оркестарот и хоровите “Lieder”, “Amics de l'Òpera” и “Coral Belles Arts”. Дека станувало збор за вистински спектакл говори и податокот дека во флешмобот учествувале повеќе од стотина музичари.
Погледнете:

Едно мало девојче на еден од ваквите шпански улични свирачи му подарила паричка, меѓутоа не можела ниту да го замисли изненадувањето кое што следел

Пронајдете не на следниве мрежи: