Видео: Митско чудовиште на дно на океан

По 400 саати поминати под вода, тричлената екипа од токискиот Национален природно-научен музеј во соработка со каналот Дисковери и јапонската државна телевизија, конечно успеа да го сними митското чудовиште.
Џиновската лигња најпосле беше снимена во нејзиното засолниште. Откриена е на 15 километри од островот Чичи, на северниот дел од Пацификот.
Научникот Кубодера и неговите придружнци со мини подморница се спуштиле на 630 метри длабочина. Откако ја забележале лигњата ја следеле до длабочина од 900 метри. Тука некаде ја изгубиле затоа што таа заминала уште подлабоко.
Сепак таа е снимена и тоа им е доволноо. „Прекрасен, сјаен момент“- вели Кубодера.
За најголемиот безрбетник на светот се вели дека е една од последните мистерии на океаните затоа што живее во делови кои се недоволно истражени.
 По 400 саати поминати под вода, тричлената екипа од токи

Пронајдете не на следниве мрежи: