Девојчето Изи Мекарон (9) го спасила животот на нејзиниот татко, Колин (35), кога доживеал тежок анафилактичен шок поради алергиска реакција. Тој ја изгубил свеста и му застанало срцето, а додека неговата сопруга Деби повикувала брза помош, девојчето се обидело да му помогне на татко си.Прво се обидела со своите раце, но веднаш сфатила дека нејзините раце не се доволно силни, па затоа продолжила енергично да гази со нозе врз градите на нејзиниот татко.
– Навистина силно го газев. Мајка ми ме научи да давам прва помош, но видов дека не сум доволно силна да го направам тоа со раце. Многу се исплашив. Болничарите подоцна ми кажаа дека би можела да бидам докторка или медицинска сестра. А мајка ми ми кажа дека тој пристигнал во болницата со големи отисоци од моите нозе на неговите гради – прераскажува девојчето, кое во нејзиното училиште во Дербишир во Велика Британија, добилонаграда за храброст.
Кога пристигнале болничарите од брза помош, Изи се уште го „масирала“ срцето на таткото и на нејзиниот оригинален начин и до тој момент таа веќе успеала да го врати срцето. После тоа, мисијата за спасување ја презеле специјалистите.
Во анафилактички шок запаѓаат луѓето кои страдаат од алергии. Тоа се карактеризира со ненадејна појава на симптоми кои вклучуваат интензивен јадеж, оток на лицето и сузокожа на устата и грлото, тешкотии во дишењето, ненадеен пад на крвниот притисок и абнормална работа или престанок на работењето на срцето. Ако не се интервенира итно, можат да настапи смрт.
Погледнете го видеото на следната страна.
Прво се обидела со своите раце, но веднаш сфатила дека нејзините раце не се доволно силни, па затоа продолжила енергично да гази со нозе врз градит
Пронајдете не на следниве мрежи: