Светскиот рекорд за најпосетен и најголем концерт го држи Род Стјуарт, кој во 1993 година на светски најпознатата плажа во Рио де Жаниеро, Копакабана, настапи пред 3.5 милиони луѓе. Замислете само како би било сите жители на Македонија и + уште 1.5 милиони луѓе на само еден концерт… Ма не, не се мачете, доволно е само да го погледнете видеото од концертот на Род Стјуарт во Рио де Жанеиро, на кој имаше неверојатни 3.5 милиони луѓе. Род рекордот за најпосетен концерт го дели со Жан-Мишел Жар, кој неколку пати има настапувано пред повеќе милионски аудиториуми.
Меѓу рекордерите исто така се наоѓаат и легендите на металот “AC/DC” и “Metallica”, како и неизбежните “Rolling Stones”, и сите на нивните концерти имале повеќе од милион луѓе и тоа на само еден концерт во една вечер, или како што знаеја, во едно деноноќие.
Погледнете ги видеата од 3те најголеми концерти во светот:
1. Род Стјуарт, Копакабана, Рио де Жанеиро, 31 декември 1993 година – 3.5 милиони посетители
На дочекот на новата '94 година, британскиот пејач го одржа својот најголем концерт во животот, со кој влезе во Гинисовата книга на рекорди, а некои проценки дури велат и дека концертот на Стјуарт имал и 4.2 милиони посетители. Многу зар не ?!
2. Жан-Мишел Жар, Москва, 6 септември 1997 година – 3.5 милиони посетители
Феноменалниот француски музичар неколку пати поставуваше рекорди по посетеност, а 1997 година во Москва настапи по повод прославата 850 години од постоењето на градот и собра повеќе од 3 милиони посетители.
3. Жан-Мишел Жар, Париз, 14 јули 1990 година – 2.5 милиони посетители
Уште еднаш Жан-Мишел Жар. Овој пат настапи на прославата на Денот на републиката на Франција во Париз, а концертот беше одржан во парискиот кварт La Defens, а масата на луѓето се протегаше се до Триумфалната капија.
Замислете само како би било сите жители на Македонија и + уште 1.5 милиони луѓе на само еден концерт… Ма не, не се мачете, доволно е само да го п



