Видео: Наместо миленичиња, тие шетаат зелки

Најновиот моден тренд или само шега? Зошто ли овие млади луѓе наместо кучиња и мачки, шетаат главици зелка по улиците на Пекинг?
 По интернетот веќе одредено време кружат фотографии од млади жители на Пекинг кои како кучиња, врзани на врвка шетаат зелки по градските улици.
Додека западниот свет на ова гледа како на шега, локалните медиуми тоа го поврзуваат со уметничкиот подвиг на Хан Бинг од пред 15тина години, кога направил таква акција на плоштадот Тијенанмен, па неколку години подоцна фотографирал млади луѓе со зелка по целиот свет, па сега тоа е прифатено како тренд.

Дел од младите кои ги шетаат зелките велат дека тие им ја одвлекуваат негативната енергија, додека други пак велат оти им е полесно да им пријдат на лица од спротивниот пол кои исто така шетаат зелка.
Има и такви кои велат дека ја сакаат зелката повеќе од родителите, затоа што „ги сфаќала“.

 По интернетот веќе одредено време кружат фотографии од млади жители на Пекинг кои како кучиња, врзани на врвка шетаат зелки по градските улици.

Пронајдете не на следниве мрежи: