Видео: Натпреварувачка со јајца фрлаше по член на жирито

Натали Холт, виолинистката а воедно и финалистка на минатогодишното ТВ шоу „Британија има талент”, фрлаше со јајца по член од жирито, поточно кон Сајмон Кауел, но подоцна се извини и призна дека тоа било „лудо“ од неа.
Виолинистката била дел од оркестарот кој го придружувал настапот на нејзините браќа Ричард и Адам. Кон крајот на песната таа истрчала пред жирито и насочена кон Сајмон фрлала со јајца.
Коуел потоа ја соблекол неговата јакна и продолжил да го води шоуто со жолчка на кошулата, но не делувал премногу вознемирено.
Фрлањето јајца се случи кон средината на нивниот перформанс, но Ричард и Адам не беа дисквалификувани, а подоцна добиле и пофални зборови за професионалниот однос.
„Сакам да им се извинам за Ричард и Адам, бидејќи го засенив нивното шоу. Никогаш не сум сторила нешто слично, а од оваа перспектива, сфаќам дека тоа беше „лудо“ од мене“, изјавила Натали Холт.Натали Холт, виолинистката а воедно и финалистка на минатогодишното ТВ шоу „Британија има талент”, фрлаше со јај

Пронајдете не на следниве мрежи: