Видео: Научниците открија како да ја зачувате вечната младост!

За да бидете вечно млади, издвојте настрана 48.000 евра.Научниците открија начин на „замрзнување“ на возрасните клетки на кожата за да не стареат. Тие можат да се променат во матични клетки и да се искористат при операциите за подмладување.
Новата техника веројатно ќе чини околу 48.000 евра и е веќе достапна, иако научниците се надеваат дека ќе им помогне и на пациентите со големи лузни или повреди.
Процедурата вклучува земање примерок од кожата и крвта на клиентот, а потоа и нивно складирање. Примероците се преработуваат за да станат матични клетки, кои ќе можат да се развијат во било кој тип на ткиво.
Се чуваат на температура од минус 180 степени Целзиусови и тоа во три банки – во Сингапур, Дубаи и Швајцарија.
Сингапурската компанија „Счеил“, која стои зад процедурата, е прва во светот која ја понуди оваа услуга. Таа ветува дека ќе ги чува клетките на секој клиент се до неговата смрт.
Оваа технологија има потенцијал да го смени текот на стареењето, па дури и да излекува некои болести и да поправи оштетени ткива.
Се препорачува секој што е заинтересиран да даде примерок тоа да го напарави на помлада возраст. Вашите сочувани клетки ќе ја задржат сегашната состојба, додека останатите ќе продолжат да стареат.Научниците открија начин на „замрзнување“ на возрасните клетки на кожата за да не стареат. Тие можат да се променат во матични клетки и

Пронајдете не на следниве мрежи: