Во еден град во Финска, овој викенд се одржа Светското првенство во носење на сопругите на грб.
Кристина Хапанен и Таисто Митенен од Финска повторно се прогласени за победници на овој необичен натпревар, а на второ место се Алар Вугла и Кристи Вилтроп од Естонија.
Ова првенство традиционално се одржува од 1992 година, а наградата е пиво колку тежината на натпреварувачите.
Секако постојат и некои правила кои мораат да се почитуваат за време на натпреварувањето, но целта на овој настан е да се забавуваат и присутните и натпреварувачите.
Должината на патеката е 253,5 метри, а на неа има три пречки, тежината на натпреварувачите не смее да биде помала од 49 килограми.
Во еден град во Финска, овој викенд се одржа Светското првенство во носење на сопругите на грб.