Видео: Новинарка била секојдневно тепана и силувана цели 460 дена

Репортерка од Канада решила со својот колега и тогашно момче да замине за Сомалија и оттаму да известува. Но, само три дена по простигнувањето тие биле киднапирани. За 15 месеци, додека била во заложништво Аманда преживеала секојдневни брутални силувања, претепување и изгладнување.Репортерка од Канада решила со својот колега и тогашно момче да замине за Сомалија и оттаму да известува. Но, само три дена по простигнувањето тие биле киднапирани. За 15 месеци, додека била во заложништво Аманда преживеала секојдневни брутални силувања, претепување и изгладнување.
Дваесет и четири годишната новинарка во оваа земја преживеала вистински пекол: била киднапирана заедно со своето момче, групно силувана и неколку пати тепана секој ден во текот на 15 месеци. Медиумите пренесуваат дека во текот на овие тортури добила и син.
Линдхаут, која најпрво била келнерка, го убедила своето момче, фотографот Најџел Бренан во 2008 година да заминат на авантура во Сомалија, од каде ќе известуваат за медиумите. Меѓутоа, тие се киднапирани три дена после влезот во земјата, а киднапирањето најверојатно им го организирал човекот кој требало да им помогне да се сместат во оваа држава.
Тортурата која ја преживеала, а траела цели 460 дена, оваа новинарка ја опишала во своите мемоари „Куќа на небото“.
Аманда и Најџел се киднапирани во текот на посетата на еден бегалски камп, а за нивниот откуп киднаперите барале три милиони евра. Аманда веднаш ја одвеле во одвоена просторија, каде брутално ја силувале. За тоа време нејзиното момче било беспомошно додека низ тенките ѕидови слушал како е злоставувана неговата девојка. После овој ужасен чин на Линдхаут на главата и’ приклониле цевка од пушка и играле „руски рулет“.
Таа добила сериозна габична инфекција на лицето, а и отпаднале и ноктите на нозете и косата.
Мислејќи дека малтретирањето ќе престане, двајцата новинари преминале во исламот. Меѓутоа, после сто ноќи мачење Аманда ја одвеле во пустината, каде ја натерале да клечи со нож под грлото. Тогаш и’ било речено да ја побара мајка и’ и да побара милион долари за откуп.
Повеќе на: MKD-newsРепортерка од Канада решила со својот колега и тогашно момче да замине за Сомалија и оттаму да известува. Но, само три

Пронајдете не на следниве мрежи: