Новинарката Лори Волборн го шокирала градоначалникот на канадскиот град Келовн кога на сред интервју се соблекла топлес. Неа ја интересирало дали полицијата ќе ги уапси жените кои полуголи шетаат по градот. Градоначалникот успеал да се соземе и и одговорил на прашањата.Имено, Волборн разговарала со градоначалникот токму на таа тема, односно дали девојките кои со голи гради би се појавиле во градот ќе бидат уапсени.
Разговорот на новинарката и градоначалникот започнал во сосем вообичаен тек. Волборн го соблекла горниот дел од гардеробата и продолжила со интервјуто.
Градоначалникот успеал да се прибере и да и одговори на нејзиното прашањето.
-Топлесот не е легален во Канада се додека не биде причина за некој инцидент. Иако можеби поголем број од граѓаните би повикале полиција кога на улица ќе видат девојка во топлес, ретки се полицајците кои ќе излезат на терен и ќе интервенираат, рекол градоначалникот кој на прашањето на Волборно дали и таа може да се шета така низ градот Келовн одговорил потврдно.
– Па, евидентно е да можете. Јас не ви препорачувам да го правите тоа, но сметам дека не би направиле никакво зло- одговорил Греј, кој се трудел да го избегне погледот од голите гради на новинарката.
Инаку, 25-ти август во цела Северна Америка е прогласен за денот на топлесот и токму од таа причина новинарката на тој ден го направила ова несекојдневно интервју.
Погледнете како сето тоа изгледало:Имено, Волборн разговарала со градоначалникот токму на таа тема, односно дали девојките кои со голи гради би се појавиле во градот ќе бидат уапсени