Видео: Од тотална „утка“ до најпродаваниот бестселер – Пауло Коелјо и неговиот „Алхемичар“

Во 1988 година, малку познатиот бразилски автор Пауло Коелјо, ја објави книгата „Алхемичар“, која говори за еден млад овчар во потрага по своето богатство. Коелјо го напишал овој духовен роман за само 2 недели и силно верувал дека ќе оствари голем успех, но имаше само еден проблем:  немаше заинтесираност за купување. Издавачот на Коелјо се откажа од Алхемичарот, што може ќе значење и крај на неговата писателска кариера. Но, Коелјо не беше подготвен на такво нешто. Во неговото прво интервју на американска телевизија,  авторот и објаснува на Опра во емисијата „Super Soul Sunday” како неговата „пропаст“ од 1988 година стана светски меѓународен реномиран бестселер, почнувајќи со реченицата што го смени текот на неговиот живот.

„Во книгата има една реченица која вели:  Кога нешто сакате, целиот универзум  прави завера за да ви помогне. Си реков самиот себеси, па јас го напишав ова! Морам да живеам според овие зборови“.
Денес, Алхемичарот се има продадено во 65 милиони копии, со што повеќе од 315 недели беше на листата бестселери на Њујорк Тајмс. Преведен е на 80 различни јазици, поставувајќи Гинисов рекорд, за најпреведувана книга од било кој жив автор.
Во продолжение погледнете го видеото од неговото интервју:
Издавачот на Коелјо се откажа од Алхемичарот, што може ќе значење и крај на неговата писателска кариера. Но, Коелјо не беше подготвен на такво нешт

Пронајдете не на следниве мрежи: