Ова село се наоѓа во близина на Џакарта, а специфично е поради необичните просјаци кои „работат“ во него. Дознајте зошто многумина се плашат кога ќе ги видат!Во источниот дел на Џакарта, главен град на Индонезија, се наоѓа сиромашниот кварт чии улици се преполни со ѓубре и оптад од канализациите. Освен нечистотија и беда, овој дел од градот е познат по просјаците кои се влечат по земја и го покажуваат својот хендикеп, како би искажале сожалување кај минувачите и би ги натерале да им дадат по мала сума на пари.
Меѓутоа, меѓу сиромашните на улица има и мали суштества кои ве молат за пари, кои потсетуваат на деца и ги збунуваат луѓето. Но, кога ќе погледнеме малку подобро, сфаќаме дека тие мали суштества се движат брзо и изгледаат како да имаат опаш и крзно. Всушност, станува збор за мали мајмуни, кои носат маски со различни бои и форми, а често се тоа детски маски или делови од некои кукли.
Ова место го нарекуваат „Село на мајмуни“. Идејата за овие морбидни животни започнала уште во 1980 година, кога основна функција им била да ги забавуваат сиромашните деца, додека патуваат низ градот и цела земја. Совршено изведувале и трикови, танцувачки движења, жонглирање, возење на велосипед и свирење на инструменти.
Маскираните мајмуни станале атракција и биле користени за извлекување на што повеќе пари од туристите. Тажен факт е што овие животни обично биле украдени од своите мајки штом се родиле, а потоа заробени од страна на ловци. Научени се да чекорат брзо и често се облечени во костуми од различни бои со чудни маски и со лица од пластични кукли-бебиња.
Во источниот дел на Џакарта, главен град на Индонезија, се наоѓа сиромашниот кварт чии улици се преполни со ѓубре и оптад од канализациите. Освен н


