Видео: Оваа „искривена шума“ е полна со тајни и мистерии!

„Искривената шума“ покрај градот Грифино во Полска е позната по своите искривени стебла. Иако постојат многу теории, кои го објаснуваат овој феномен, вистинската причина не е сеуште позната.Во оваа шума има околу 400 борови, кои растат искривени под агол од 90 степени, а кај некои искривувањето е насочено кон север. Уште почудно е што овие стебла се опкружени со уште поголема шума, каде што гравитација е потполно нормална. Се проценува дека стеблата се засадени во 1930-тите години и дека биле стари од 7 до 10 години, кога непозната сила ја предизвикала нивната искривеност.
Што е причината за ваквата искривеност на дрвјата? Ова се некои од досегашните објаснувања.
Гравитација                          
Некои сметаат дека гравитацијата или гравитациското повлекување во ова подрачје може да е причината, но не постојат никакви докази, кои би ја поткрепиле оваа бизарна теорија. Гравитацијата на предметите повлекува надолу, а не на страна.
Снег
Според другата теорија, големите количини снег ги израмниле стеблата низ подолг временски период, додека сеуште биле млади. Но, и тоа е мошне спорно сценарио затоа што стеблата во околната шима растат сосема нормално. Би било мошне необично, снежна бура да влијае само на едниот дел од шумата, а на другиот дел не.

Војна
Едно од најпопуларните објаснувања на овој феномен е дека во текот на инвазијата на Полска во Втората светска војна, непријателските тенкови проаѓале низ шумата и ги срамниле стеблата со земја. Стеблата повторно израснале, но овојпат искривени. Но, повторно се поставува прашањето зошто е искривен само еден мал дел од шумата? Додека времето на засадување се поклопува со времето на Втората светска војна, поприлично е неверојатно дека стеблата воопшти ги преживеале тешките тенкови, кои поминувале пркеу нив.
Човекот
Ова објаснување има смисла затоа што сите искривени стебла се идентични. Во текот на 30-тите години од 20-тиот век, локалните фармери саделе стебла, ги обликувале и користеле за изработка на мебел или бродови. Делот од извадокот од текстот „Wooden wessel Ship Construction“ одат во прилог на оваа теорија.
„Дабовите од северните делови на Европа беа добри за изградба на рамните и долги одбори, а англискиот даб беше најдобар за создавање на бродови и нивната внатрешност. Стеблата намерно биле искривени преку различни процеси, како би можеле да се искористат како материјал за изградба.“
Инвазијата на Полска во текот на Втората светска војна најверојатно ја прекинала оваа практика и ги оневозможила фармерите да го завршат процесот на изградба, па ваквите стебла останале неискористени.
Градот Грифино бил уништен во текот на војната, а обновен по 1970-тите години, кога на тоа подрачје била изградена електрана. Овој факт би можел да објасни зошто никој од сегашните жители не знае која е причината за искривените стебла. 
Во оваа шума има околу 400 борови, кои растат искривени под агол од 90 степени, а кај некои искривувањето е насочено кон север. Уште почудно е што

Пронајдете не на следниве мрежи: