Универзитетската клиника Роналд Реган во Лос Анџелес е прва во светот која во живо на Твитер пренесувала операција на мозок. Притоа, на видеото се гледа како пациентот свири на гитара додека хирурзите му „чепкаат“ по мозокот.
Се работи за Бренд Картер (39) музичар, на кој лекарите му откриле Паркинсова болест уште во 2006 година. Болеста предизвикува треперење на неговата рака и токму поради тоа отежнато свири.
Внимателно, снимката е вознемирувачка.
Самата операција подразбира стимулација на одредени зони на мозок. Притоа, момчето во еден момент било разбудено од наркозата за да може да свири на гитара и да им асистира на лекарите за на правилно место да му ја постават електродата.
Во еден момент момчето вели: Возбуден сум затоа што свирам оргинални композиции од кои едната носи наслов „Повторно пијан“.
За оваа болест нема лек освен операција, при која се вградува електронски импулс во одредени делови на мозокот.
Може да го погледнете видеото, но уште еднаш потсетуваме дека е вознемирувачко.Универзитетската клиника Роналд Реган во Лос Анџелес е прва во светот која во живо на Твитер пренесувала операција на