Хафтор Бјорнсон, попознат како „Планината“ од „Игра на тронови“, навистина го оправда својот прекар. Тој победи на натпреварот „Најсилниот Викинг на светот“, благодарејќи на тоа што успеал да го сруши рекордот стар цели 1.000 години!Бјорнсон веднаш се пофали на Инстаграм и го објасни потеклото на предизвикот: „Легендата за Исланѓанецот Орм Сторулфсон, вели дека тој успеа да направи три чекори, додека на грбот носел неверојатно огромен балван, кој тежел 600 килограми! Беа потребни 50 смртници за да му помогнат да го намести балванот на својот грб. Но, откако тој успеа да го направи третиот чекор, неговиот грб се скршил под огромниот притисок и пред сѐ тежината. Тој никогаш повеќе не беше ист.“
Со остварувањето на оваа победа, Бјорнсон вели дека сега ќе се подготвува за натпреварот за „Најсилен човек во светот“.
И со оглед на фактот дека тој толкува улога на фиктивен лик, не можеше, а да не го заврши обраќањето на Инстаграм со епската реченица: „Ништо не може да ме сопре! Ништо не може да ме скрши!“
Погледнете како изгледаше сето тоа.Бјорнсон веднаш се пофали на Инстаграм и го објасни потеклото на предизвикот: „Легендата за Исланѓанецот Орм Сторулфсон, вели дека тој успеа


