Елизабет Каламер открива: Хитлер го служеле 22 слугинки, спиел до два поплдне…
Елизабет открива како сите тие морале да ја поздравуваат Ева Браун со „Хајл, моја дамо“ и како морале да внимаваат со што го хранат диктаторот поради неговите проблеми со слезината. Него исто така го мачеле и ноќни напади на глад, па често среде ноќ станувал да јаде.
Елизабет оваа понуда ја прифатила во 1943 година. Мајка и ја молела да не оди, но тогаш тинејџерката Елизабет сметала дека ова е прилика која не смее да ја пропушти. Вели како куќата била полна со гости на нејзиниот прв работен ден, и дека покрај фирерот не смеела ни да размислува, а камо ли да прозбори нешто.
Елизабет разоткрива како Хитлер живеел во изобилство додека земјата гладувала. Тој исто така бил опседнат со филмови, па си имал и приватно кино во својот дом. Особено внимание се посветувало на филмови со Марика Рек во нив, омилената актерка на Ева Браун.
Елизабет работела во куќата се до 1944 година, кога сојузниците истата ја бомбардирале.
Елизабет открива како сите тие морале да ја поздравуваат Ева Браун со „Хајл, моја дамо“ и како морале да