Природни убавини на преспанското село Подмочани се овековечени од камерата на негов жител, Марио Кечуловски, кој изразувајќи ја својата креативност, создал видео за малото село слично како видеата за промоција на нашата земја „Macedonia Timeless“.Подмочани Timeless е насловот на видеото за промоција на ова село. Марио ја истакнал својата креативност и создал прекрасно видео, направено во стилот на познатите спотови за промоција на земјата „Macedonia Timeless“.
Имено, Подмочани е село во југозападна Македонија кое се наоѓа на неколку километри од градот Ресен. Многумина се прашуваат како селото го добило ова име. Потеклото на името доаѓа од составот „под моч“, што значи место што се наоѓа под мочуриште (моч).
Во ова село е сместена една од најбогатите етнолошки колекции во Македонија. Музејот опфаќа многу широк спектар на народни носии кој биле носени во цела Македонија низ широк временски интервал и има над 3.000 вредни експонати: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и преку 200 различни Македонски национални носии од разни региони на Македонија.Подмочани Timeless е насловот на видеото за промоција на ова село. Марио ја истакнал својата креативност и создал прек