Видео: Погледнете како во Кина ги лекуваат интернет зависниците?!

Постојаното користење на интернет е регистрирано како јавен здравствен проблем во многу земји, но Кина е една од првите каде што овој проблем е карактеризиран како клиничко нарушување и се третира со „сурови методи“ во кинескиот центар за лечење од оваа зависност во Пекинг. Институцијата е основана во 2004 година, а израелските режисери Шош Слам и Хила Медалиа направија и документарен филм наречен „Web Junkie“, прикажан на „Sandens“ фестивалот, а е посветен на начините на лекување на зависниците од компјутер.
Во оваа програма главно се вклучени тинејџери, обично момчиња, чии родителите ги натерале со сила да дојдат во центарот. Откако еднаш ќе влезат во центарот, децате се чуваат зад решетки и ги обезбедуваат војници. Лекувањето обично трае три до четири месеци, а се состои од употреба на медикаменти и дополнителни терапии во кои се вклучени и родителите.
Пациентите се подложени на физички тренинг инспириран од воените вежба, а нивната исхрана и спиење се строго дефинирани. Овие техники се користат за да им помогнат на пациентите „да се вратат во реалноста“.
По приемот во клиниката, на секој пациент му е ставен на главата специјален инструмент за да се утврди колку мозокот е оштетен поради прекумерна употреба на интернетот.

Една од сцените во документарниот филм го покажува процесот на мерење, а има и многу вознемирувачки изјави на зависниците.
-Кога последен пат ја измивте косата, прашува еден вработен во центарот, а младиот пациент одговара дека не се сеќава.
Постои и уште едно младо момче кое седи на креветот и плаче.
-Оставете ме на мира, имам болки. Ме донесоа тука и ми ги врзаа рацете, вели тој низ солзи, затоа што неговите родители го одвоиле од компјутерот и го донеле во Центарот.
-Еднаш играв 15 дена без прекин, признава еден пациент од Центарот.
Плашејќи се да не им се намали резултатот во играта, пациентите не одат дури и во тоалет, па носат пелени, не се бањаат, а фрижидерот им е преселен во спалната соба.
Професорот Тао Ран, директорот на Центарот за рехабилитација, вели дека на пациентите им се потребни најмалку три месеци за да се ослободат од својата зависност и гарантира успех во 70 отсто од случаите.

 Институцијата е основана во 2004 година, а израелските режисери Шош Слам и Хила Медалиа направија и документарен филм наречен „Web Junk

Пронајдете не на следниве мрежи: